Правни услови
Политика за поврат на средства
Последна измена: 13 август 2026 · Верзија V13-08-2026
Оваа политика објаснува како се наплаќа претплатата за popolni.mk, како се откажува и кога враќаме средства. Таа е дел од Условите на користење и не ги ограничува правата што ги имате според задолжителните прописи.
1. Кој ја обработува наплатата
Плаќањата ги обработува Paddle како продавач од доверба (merchant of record). Кога се претплаќате, договорот за купување го склучувате со Paddle, а на изводот од картичката трансакцијата се појавува како Paddle. Paddle ја пресметува и наплаќа применливата даночна стапка и издава фактура за секое плаќање.
2. Претплата и откажување
Услугата се нуди како месечна претплата според обемот на документи. Претплатата можете да ја откажете во секое време, од делот за наплата во апликацијата или со порака до kontakt@popolni.mk.
- Откажувањето ги запира сите идни наплати.
- Пристапот до услугата останува активен до крајот на веќе платениот период.
- За остатокот од тековниот период не враќаме сразмерен дел од износот.
3. Кога враќаме средства
Платените износи по правило не се враќаат, како што е наведено во Условите на користење. Средства враќаме во следните случаи:
- Двојна или погрешна наплата за ист период.
- Наплата извршена по ваше уредно откажување на претплатата.
- Кога тоа го бара задолжителен пропис.
Ако нешто не е во ред со нова претплата, пишете ни во рок од 14 дена од првата наплата. Секое такво барање го разгледуваме со добра волја и одговараме брзо.
4. Како да побарате поврат
Пишете ни на kontakt@popolni.mk или јавете се на 071 237 331. Наведете ја е-поштата на сметката и бројот на фактурата или потврдата од Paddle. Барање можете да поднесете и директно кај Paddle на paddle.net.
Одобрениот поврат Paddle го врши на истото платежно средство со кое е извршено плаќањето, вообичаено во рок од 5 до 10 работни дена.
5. Бесплатен пробен период
Првите 50 документи се бесплатни и за нив не се внесува картичка. За пробниот период нема наплата, па нема ни што да се враќа.
Прашања за приватноста или условите?
Пишете ни на kontakt@popolni.mk или јавете се на 071 237 331. Одговараме на македонски.